Пејачката Кети Пери се породила пред пет дена, а сега покажала и како изгледа по породувањето.
Имено, таа позирала во долна облека, со пумпи на градите, во целосно опуштено издание, а во исто време се пошегувала и на своја сметка, велејќи дека за прв пат не се дотерала на доделувањето на наградите што се одржаа синоќа во Њујорк.
Да потсетиме, Кети Пери и нејзиниот сопруг Орландо Блум станаа родители на девојчето по име Дејзи Дејв пред пет дена. Инаку, Кети веднаш по породувањето сподели фотографија од породилиштата на социјалните мрежи.