(ФОТО) ПАВЛО УМРЕ БРАНЕЈЌИ ЈА УКРАИНА! ИМАШЕ САМО 33 ГОДИНИ: Пред да умре, актерот го направил ова!

Познатиот актер и водител Павло Ли, попознат како Паша, загинал за време на бомбардирањето на украинскиот град Ирпин во неделата. Тој доброволно се приклучил во редовите на вооружените сили на Украина.
Бранејќи го својот град, во неделата животот го загуби украинскиот актер и ТВ водител Паша Ли, откако доброволно се приклучил на редовите на Вооружените сили на Украина.

Кој беше Паша Ли?
33-годишното момче е родено на Крим, а живеел и работел во Ирпин, град западно од Киев. Беше актер за синхронизација, водител и учествуваше во музички емисии.
Публиката можеше да го запознае преку филмовите: „Сенки на незаборавни предци“, „#SELFIEPARTY“, „Специјалисти“, „Средба на соучениците“ и други. Многу обожаватели го паметат Павел како учесник во петтата сезона на вокалното шоу „Икс-фактор“, но и „Фабрика на звезда 3“.



Во 2017 година, Ли го сними спортскиот акционен филм „The Fight Rules“. Ги синхронизираше и филмовите „Кралот лав“ и „Хобит“. Еден од неговите последни проекти беше ТВ драмата „Provincial“ од 2021. година.
Од февруари 2022. година стана водител на дневната забавна програма на ТВ каналот „ДОМ“, а она што го направи препознатлив е неговата насмевка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …