(ФОТО) Овие фризури ќе се носат во 2020. година: Промените почнете ги од косата!

Новата година секогаш носи промени.
Некој ќе одлучи да ја промени работата, некој да се затегне и ќе тргне на фитнес или во теретана, а ги има и оние кои со задоволство би промениле нешто во својот изглед.
Кај жените таа промена обично почнува од косата. Ако размислувате за оваа промена ви предлагаме да погледнете некоја од фризурите кои ќе бидат апсолутен хит во 2020. година.

Боб
Боб фризурата оваа година била една од најбараните, барем кога станува збор за познатите дами. Една од оние која решила да има боб фризура е и Кајли Џенер, која својата вистинска фризура ја покажува кога сака да се одмори од периките и надградбите.


View this post on Instagram


wearing SOUL SISTER matte lip from the new KKW X KYLIE collaboration launching this #BLACKFRIDAY on KylieCosmetics.com

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on


Shaggy cut
Оваа фризура ја направила популарна глумицата Џенифер Анистон, поточно, нејзиниот лик на Рејчел во „Пријатели“. Дека оваа фризура повторно се враќа во мода неодамна потврдила пејачката Селена Гомез која својата фризура ја променила во shaggy cut.

Долги екстензии
Во почетокот на 2019 година станале популарни многу долгата коса и екстензиите, а така ќе се продолжи и во следната година, кога се очекува екстензиите да бидат попопуларни од било кога.

Ултра куса коса
Ако сепак сте посакале во новата година да направите драстична промена, фризерите препорачуваат ултракуса коса која исто така ќе биде многу популарна. За тоа придонела и глумицата Шарлиз Терон која неодамна се ишишала кратко.

View this post on Instagram

@glamourmag #GlamourWOTY ❤️

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica) on

Нема сомнение дека со овие фризури ќе изгледате поинаку и дека промената секако добро ќе ви дојде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …