(ФОТО) Открила дека сопругот после 15. години брак и рекол дека е хомосексуалец: „Сега сме најдобри пријатели!“

ЖЕНА од Велика Британија чиј сопруг откри дека е хомосексуалец по 15 години брак открила дека го надминала скршеното срце и станала најдобар пријател со бившиот.

Каролин Хобди од Северен Јоркшир вчера се појави во шоуто „Steph’s Packed Lunch“, каде зборувала за тоа како го преболела чувството дека целиот нејзин живот е лага. Таа вели дека немала идеја дека нејзиниот сопруг е хомосексуалец кога го запознала иако тој знаел за неговата сексуална ориентација уште од тинејџерска возраст.



Каролин вели дека со текот на годините почнала да чувствува недостаток на блискост во бракот, па завршила во афера. Мислела дека е целосно виновна за распадот на нивниот брак, но парот продолжил да живее заедно. Само шест години подоцна, вели таа, ги открила во неговиот телефон пораките што му ги испратил на човекот и сфатила дека има афера.


Водителката потоа ја прашала дали се чувствува подобро во врска со сознанието, но таа рекла дека се чувствува уште полошо затоа што се чувствува како целиот живот да е лага. Но, во исто време, вели таа, била тажна што нејзиниот партнер морал да се крие цело време. „Јас всушност му бев втора сопруга, па тој минуваше низ тоа некое време“, рекла таа.
Таа вели дека тогаш сфатила дека сè уште го сака поради истите работи, како што е неговата смисла за хумор и интелект. „Тој сè уште беше личност во која се вљубив и покрај сè што се случи и иако го сакав на поинаков начин отколку кога бевме заедно, јас сепак го сакав“.



„Самото одржување на таа врска и останувањето во добри односи ми се чинеше поважно од кој било гнев“, рекла таа, додавајќи дека тие денес се најдобри пријатели.
Фото: Скриншот/Channel 4

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …