(ФОТО) Откриено досието на големиот српски јунак – Аркан: На 15 години силувал девојка, но бил и криминалец, крадец, насилник…

Жељко Ражнатовиќ Аркан до ден денес години по неговата смрт сеуште ја интересира јавноста. Сопругот на Светлана Ражнатовиќ Цеца, е познато дека беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград, но помалку е познато неговото дебело досие.
Како што пишува српски Курир, уште како млад тинејџер направил неколку кривични дела, меѓу кои се терети и за едно ужасно дело, силување на 15. годишна девојка.
Се водел во евиденцијата на службата за безбедноста како провалник, силувач и насилник.
Жељко Ражњатовиќ Аркан,некогашниот командант на Српската доброволна гарда (СДГ) со само 15. години ја силувал девојката Т.Ж. и се обидел да силува уште две девојки.
Во „евиденцијата на специјализирани извршители“ тој се водел како провалник, крадец, разбојник и силувач, а бил познат под прекарите Аркан, Хибрид и Бомбона, се наведувало во досието на Државната безбедност (ДБ) за Аркан од 1991. година.
Во тој документ детално биле наведени сите активности на Аркан од најраното детство до почетокот на деведесеттите, па така се открива дека уште како дете имал проблеми со законот бидејќи често знаел да краде и измамува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …