Кривична евиденција
„Ражњатовиќ е евидентиран во кривичната евиденција на ГСУП Белград под бројот 188521. Од материјалите на евиденцијата се гледа дека во 1964. година го фатил персоналот на самопослуга во Нов Белград, во кражба на три шпила карти.
Бидејќи бил однесен кај родителите, кои биле известени за обидот на кражба на нивниот син, Жељко избегал за Загреб па по него била распишана потерница. Во тоа време бил добар ученик, а родителите имале добри материјални услови за живот“ се наведува во документот на ДБ.
Аркан бил фатен како краде по продавници и обивал автомобили, а одредено време минал и во воспитен дом.
Се додава дека во 1966., како четиринаесетгодишник, со неколку врсници извршил повеќе тешки кражби, обивање на трафики, автомобили и кражби по продавници…
„Истата година имал два обиди за силување (Г.Б: и М.Л.) а на 17. јануари 1967. година со уште неколку лица учествувал во силувањето на Т.Ж.Поради тоа, како и поради разбојништво, на 31. јануари 1967. година Жељко и останатите (И.К.,П.С., Х.З., М.Д., М.М., Н.М. и М.Д.) била поднесена кривична пријава“ наведувааат од ДБ.

(ФОТО) Откриено досието на големиот српски јунак – Аркан: На 15 години силувал девојка, но бил и криминалец, крадец, насилник…
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.