(ФОТО) ОД НАЈТВРДОКОРНИОТ ЕРГЕН ДО НАЈУМОРЕНИОТ ТАТО: Клуни виден со децата, годините го совладале, а Амал блеска

Целосно седата коса и брадата на Џорџ Клуни се доказ дека годините го стигнале холивудскиот заводник.
Еден од најиздржливите ергени во Холивуд, Џорџ Клуни, наполни 61. година, а тоа му се гледа, особено кога во јавноста се појавува со својата млада и убава сопруга – Амал.
Џорџ, кој успеа да издржи 52. години како заколнат ерген додека не ја запозна убавата адвокатка за човекови права Амал Аламудин, 17. години помлада од него и лудо се заљуби, па потклекна, отсекогаш бил познат како сребрената лисица на Холивуд со својата шармантна седа коса, но се чини дека годините го стигнале и дека родителството во неговите подоцнежни години го направило своето, па згодниот актер целосно побелел и видно остарел.

This image has an empty alt attribute; its file name is amal-kluni-so-decata-730x1024.jpg
Од неодамна често го гледаме уморен и нерасположен, а исклучок не се ни последните фотографии направени додека тој и Амал слегуваа од приватен авион во Лос Анџелес со нивните две деца. Иако Џорџ весело се насмеал, не било возможно да не се забележи неговата целосно бела коса и брада, како и фактот дека ги сокри очите зад очилата за сонце.
Да потсетиме, парот за прв пат се запозна во 2013. година во неговата куќа на езерото Комо во Италија, каде Амал ја донел заеднички пријател, а непробојниот заводник брзо се вљубил.


This image has an empty alt attribute; its file name is georg-kluni-772x1024.jpg
На првиот состанок отишле во октомври истата година, а веќе во април следната година Џорџ клекнал на колена пред убавата адвокатка и ја запросил. Во септември 2014. година, двојката се венча токму на езерото Комо, а добија две деца, близнаците Александар и Ела, кои внимателно ги држат подалеку од очите на јавноста, а ова е една од ретките прилики папараците да успеат да ги фотографираат сите.
Кога добија наследници, Џорџ и неговата сопруга Амал одлучија дека животот на нивните деца ќе биде приватен и дека нивните лица никогаш нема да бидат јавно прикажани, дури ни преку социјалните мрежи.

This image has an empty alt attribute; its file name is kluni.jpg
Ова покрена низа мистериозни приказни меѓу фановите, сите на тема: „Што се случува со децата на Џорџ Клуни?“.
Првите мистерии започнаа кога се дозна дека се раѓаат деца, а ниту Амал ниту Џорџ јавно не зборуваа за бременоста и за бебињата. Кога добија близнаци во јули 2017. година, се роди мистериозната приказна број 2.
Имено, сите велеа дека парот отишол на ин витро, со оглед на тоа дека и двајцата се во поодминати години, но Џорџ сето тоа го демантираше. Актерот неколку пати изјавил дека децата се зачнати по природен пат и дека дури на ултразвук виделе дека се близнаци.


This image has an empty alt attribute; its file name is amal-so-decata-1-681x1024.jpg
Близнаците имаа речиси две години кога Клуни ја откри веселата природа на своите деца: „Тие ставија путер од кикирики на чевлите, па изгледа како да сте згазнале во кака. Мислат дека е смешно“, изјавил актерот.
„Александер сака да се шегува, а Ела е многу сериозна. Секогаш внимаваат да играат според правилата. Тие навистина имаат два сосема спротивни лика“, изјавил Клуни.
Во една прилика тој испратил отворено писмо до еден таблоид во кое повикал на заштита на идентитетот на децата на познатите родители.

This image has an empty alt attribute; its file name is georg-kluni-768x1024.jpg
„Не можеме да ги заштитиме нашите деца ако некое списание ги стави нивните лица на насловната страница. Никогаш не сме продавале слики од нашите деца, не ги споделуваме на социјалните мрежи, бидејќи знаеме дека тоа би ги загрозило нивните животи. Ова не е параноја, ова е вистинска опасност“, рекол Клуни, мислејќи на фактот дека Амал има кариера што може да ги доведе нејзините деца во сериозна опасност.


Познато е дека Амал е адвокатка за човекови права и дека зборува и работи против сериозно опасни поединци и организации. Идејата дека некој може да ги искористи нејзините деца за да и се одмазди, ги навела да ги задржат близнаците анонимни до понатамошно известување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …