(ФОТО) ОД ФРЛЕНО ДО ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Турските ѓубреџии ги собирале фрлените книги и си направиле библиотека!

Градската чистота во Анкара си има своја библиотека, а сите книги работниците на тоа претпријатие ги собрале од контејнерите ширум градот…
„Требало да завршат на отпад, и им дадовме нов живот“, вели Емирал Уртекин, менаџер на библиотеката.
Идејата се родила додека тој и неговите колеги размислувале за тоа што можат да работат веднаш по редовната работа. Така основале и музички бенд, чии членови свиреа на канти за отпадоци фрлени во старо железо.
„Читањето е добро за мозокот и носи до нови идеи“, вели Ери Јилмаз, дваесет годишен, кој на читателите им издава книги. Денес, библиотеката има 4.700 книги, а уште 1.500 го чекаат своето место на полиците.
Проектот започнал пред седум месеци, а книгите се поделени во сектори: од љубовни романи, преку детски книги, до деловни советници. Првично, библиотеката била користена само од работниците на градска чистота во округот Јанкаја (700 од нив), но сега е отворена за секого и работи 24. часа на ден.


Во неодамна реновираната фабричка зграда има библиотека, кафетерија и берберница, и станала омилено место за одмор на работниците од градска чистота. За време на паузата, тие можат да читаат, да пијат чај или да играат шах. Сите книги се изнајмуваат бесплатно, најдолго на две недели.
“Многумина доаѓаат да ја видат библиотеката и да дадат доброволни прилози”, вели Уртекин, менаџер на библиотеката.
Некои дури и им испраќаат книги по пошта, од други градови.
Исто така во план им е и мобилна библиотека, со која секои 15 дена ќе ги посетуваат училиштата. Им се јавил голем број на деца, чии училишта немаат библиотека, или изборот на книги е мал.
„Многу сме задоволни. Проектот ни даде нов идентитет“, вели Уртекин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …