(ФОТО) НОВА 8000. за Сашко Кедев: Го искачи К2 – најсмртоносниот врв на светот

Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри)…
Познатиот македонски кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, Сашко Кедев бил дел од 24-члена експедиција која на 22. јули меѓу 8. и 9. часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот К2.
Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).
К2 претходно го искачи и нашиот врвен Хималаист Здравко Дејановиќ од Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is sasko-kedev-nepal.jpg
Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.


Извор: off.net.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …