ВИНОВЕН Е – Сопругот на српската пејачка Јелена Марјановиќ за нејзиното убиство е осуден на 40 години

Пејачката била брутално убиена на 2. април 2016. година, а токму Зоран Марјановиќ тој ден се јавил во полиција и го пријавил исчезнувањето на сопругата.
Убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ пред шест години ги потресе нејзините обожаватели и целиот регион. Но, конечно таа страшна приказна заврши. Нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ е прогласен за виновен и осуден на 40. години затвор.
Пејачката беше брутално убиена на 2. април 2016. година, а убиецот со остар предмет и нанел смртоносни повреди на главата.

This image has an empty alt attribute; its file name is jelena-marjanovic-jpg.jpg
Зоран Марјановиќ, кој штотуку беше осуден, тој ден се јавил во полиција и го пријавил исчезнувањето на сопругата. Тој потоа и рекол на полицијата дека Јелена трчала по насипот Драва во Борча додека тој и неговата ќерка полека оделе зад неа. Тој рекол дека таа брзо исчезнала од нивните очи со оглед на тоа што патеката била долга неколку километри.
Марјановиќ и бил сомнителен на полицијата бидејќи го пријавил исчезнувањето еден час откако наводно ја изгубил сопругата, па бил задржан во притвор, но по 48. часа бил пуштен на слобода. Кога била пронајдена, пејачката имала рани на главата кои ги запрепастиле патолозите кои ја извршиле обдукцијата.


This image has an empty alt attribute; its file name is zoran-marjanovic-jpg.jpg

Во обвинението се наведува дека Зоран ја искористил довербата на Јелена и ја намамил до подножјето на насипот на каналот, додека детето останало на насипот, се наведува во обвинението. Кога се симнале до каналот, Зоран најпрвин ја прободел Јелена со остар предмет во главата и во десниот лакт, по што Јелена почнала да бега преку ливадата. Потоа ги изгубила патиките и лентата за коса. Марјановиќ набрзо ја стигнал и ја удрил неколку пати во глава. Потоа ја удавил во каналот.


This image has an empty alt attribute; its file name is uapsen-zoran-marjanovic.jpg
За да им докаже на сите дека не е убиец, Марјановиќ есента 2017. година влезе во реалното шоу „Задруга“. По неколку дена го напуштил шоуто и бил уапсен од полицијата на 15. септември 2017. година. Му беше дозволено да се брани од слобода со кауција, а утрово беше прогласен за виновен за убиство, но и уапсен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 22.02.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Типични претставници на Овен имаат одличен работен ден пред нив. Со добра организација …