(ФОТО) Незапирлива „потрага по пари“: Таткото на Меган Маркл тврди дека таа е несреќна во кралското семејство!

Комплицираниот однос помеѓу војвотката Меган Маркл и нејзиниот татко Томас Маркл продолжува. 73.годишниот Американец повторно ги користи медиумите за да дојде до својата ќерка и ја преколнува да му се јави, бидејќи се плаши дека нема да живее долго…


Меган Маркл се преселила во Лондон пред девет месеци, и оттогаш таа не го видела поголемиот дел од нејзиното семејство освен мајката Дори Рагленд, која што пристигнала на кралската свадба во Виндзор. Нејзиниот татко го слушнала преку телефонот, бидејќи здравствени проблеми, не можел да дојде на свадба.
Сепак, очигледно е дека нешто во врскаѕа на ќерката и таткото не е најдобро, бидејќи Томас Маркл повторно одлучил да ги користи медиумите за да дојде до Меган. Во своето последно обраќање до странските медиуми, тој ја моли својата ќерка да разговара со него и истакнува дека не е сигурена дека ќе живее долго време.


“Имав срцев удар … и набргу би можел да умрам. Зарем таа навистина сака нашиот последен разговор во тоа време и она што го кажавме да биде последното нешто што го слушна од мене?”, изјавил таткото на новопечената војвотка за”The Sun”. Г-дин Маркл повторно се сеќава на неговото отсуство од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл и рекол дека тоа е грешка во животот со која не можел да се помири.
Потоа, исто така, рекол дека забележал дека неговата ќерка е несреќна во кралското семејство и колку тешко се привикнува на новиот живот.


“Гледам во нејзините очи, во нејзината насмевка и на нејзиното лице, дека таа не е среќна. Со години ја гледав нејзината насмевка и ја познавам. Не ми се допаѓа ова што е моментално на нејзиното лице. Тоа е тажна и болна насмевка “, изјавил Томас Маркл за британските новинари.

Тој, исто така, објаснил дека сето тоа е резултат на нејзиното тешко адаптирање кон новиот начин на живот и дека Меган е под голем притисок. “Голема е цената за влез во кралското семејство”, заклучил Маркл.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …