(ФОТО) Неверојатен гест на пилотот: Го свртел авионот за патниците да ја видат поларната светлина

Пилотот на EasyJet го свртел авионот за 360 степени над океанот во понеделникот вечерта за сите патници да можат да ја видат поларната светлина.
Фотографиите, направени од патник на летот за Манчестер од Рејкјавик, покажуваат прекрасни нијанси на зелена, виолетова и розова боја на ноќното небо.
Адам Грувес, кој ги направил фотографиите, се враќал со својата свршеница од Исланд кога пилотот ги изненадил.


„Се надевавме дека ќе ја видиме поларната светлина, но шансите беа мали, а ниската облачност во Исланд во текот на изминатата недела значеше дека не ја видовме од копно. Се надевавме дека ќе ја видиме Северната светлина додека бевме таму, но не ја добивме шансата“, напишал Адам.
Сепак, во авионот се случило вистинско изненадување.


„Некаде на половина пат пилотот ги исклучи светлата и патниците кои седеа на левата страна можеа да го видат овој природен феномен низ прозорецот. Седевме на десната страна… Меѓутоа, по две-три минути пилотот го сврте авионот за 360 степени, па сите можевме да видиме“, напишал Адам.
На фотографиите се гледаат патници кои воодушевено гледаат низ прозорците на авионот.
А FlightRadar на својата Фејсбук страница објави фотографија од траекторијата на авионот, на која се гледа како авионот направил круг во еден момент, а потоа продолжил до својата дестинација.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …