Познатиот музичар Ед Ширан во своето обраќање на Инстаграм открил дека на неговата сопруга Шери и бил дијагностициран тумор за време на бременоста со нивното второ дете. Имено, парот во мај 2022 година ја доби ќерката Јупитер, а исто така се родители на Лајра Антарктика.
Пејачот и неговата сопруга не се огласуваа во јавноста за време на нејзината бременост, но тој сега открил дека биле мачени од страв, депресија и анксиозност бидејќи и бил дијагностициран тумор кој не можела да го лекува за време на бременоста.
Тој се огласил на споменатата мрежа и ги открил сите детали.
„Работев на Subtract цела деценија, обидувајќи се да направам совршен акустичен албум, пишувајќи и снимив стотици песни со јасна визија за тоа што мислев дека треба да биде. Потоа, на почетокот на 2022 година, низа настани го променија мојот живот, моето ментално здравје, и на крајот начинот на кој гледав на музиката и уметноста. Пишувањето песни е мојата терапија. Тоа ми помага да ги разберам моите чувства. Пишував без да размислувам за тоа какви ќе бидат песните, само пишував што и да излезе. И за нешто повеќе од една недела ја заменив децениската работа со моите најдлабоки мрачни мисли“, напишал тој и продолжил:
View this post on Instagram
„Во рок од еден месец, на мојата бремена сопруга и рекоа дека има тумор и дека нема можност за лекување додека не се породи. Мојот најдобар пријател Џамал, мојот брат, ненадејно почина, а јас се најдов на суд како го бранам мојот интегритет и кариерата да пишувам песни. Минував низ страв, депресија и анксиозност. Чувствував како да се гушам, со главата под површината, да гледам нагоре, но не можев да дојдам до воздух. Како уметник не се чувствував дека можам веродостојно да го изнесам на светот делото што не претставуваше точно каде сум и како треба да се изразам во овој момент од мојот живот“, напишал тој и продолжич:
View this post on Instagram
„Овој албум е токму тоа. Тоа ја отвара вратата на мојата душа. По прв пат не се обидувам да направам албум што ќе им се допадне на луѓето, туку само објавувам нешто што е искрено и точно за мојот возрасен живот. Ова е запис во дневник од минатиот февруари и мојот начин тоа да го разберам“, напишал Ед на Инстаграм, а пораките за поддршка само се ределе.
Да потсетиме, Ед моментално е среде светска турнеја, а моментално настапува во Австралија и на Нов Зеланд.
Фото: Архива
