(ФОТО) Нетфликс ги избришал филмовите во кои глуми Џони Деп

Филмовите во кои глуми холивудскиот актер Џони Деп повеќе нема да се прикажуваат на популарната платформа за стриминг Нетфликс во Америка и Австралија.
Имено, „Нетфликс САД“ и „Нетфликс Австралија“ решија да ги избришат од својот каталог сите филмови во кои оваа холивудска sвезда толкува улоги.
Причината за ваквата одлука наводно е судењето што се одржа оваа година помеѓу Xони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд и таблоидот „The Sun“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)


Да потсетиме, Xони Деп го тужеше британскиот таблоид „The Sun“ и неговиот извршен уредник Ден Вутон за клевета во написот од 2018. година, во којa тие го нарекоа „човек што ја тепа својата сопруга“, а за овој случај се занимаваше Високиот суд во Лондон.
Деп ја загуби оваа правна битка вредна два милиони долари. По овој пораз следеше уште еден во кој ја загуби улогата во „Фантастични ѕверови“.
Актерот објасни на својот Инстаграм профил дека студиото „Ворнер Брос“ го замолило да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гриндевалд во спин-офот на франшизата „Хари Потер“.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

„Го испочитував и се согласив на тоа барање“, напиша Деп на Инстаграм.
Набргу потоа, Ворнер Брос објавија дека улогата ќе му биде доделена на друг актер.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …