(ФОТО) НЕГОВАТА ПРИКАЗНА „КРШИ“ СРЦА: „Ја најдов мама на Фејсбук, но не сакаше да ме прифати за пријател“

Единаесетгодишниот Дејан до училиштето пешачи пет километри. Тој го дели креветот со нејговата баба, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде честопати нема електрична енергија.
Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Поточно, пред четири години, неговата мајка ја земала неговата помлада сестра и заминала, а Дејан го оставила и никогаш не се вратила.

До куќата на Дејан не вози автобус. Наместо пат, тој е одвоен од училиштето со два километра асфалтен пат и уште три калливи и лизгава макадам. Сето ова заради училиште Дејан пеш го минува барем двапати на ден.
Преку зима оди по снег, а во пролет и есен реката Сана знае да се излие. Кога живеете во едно од овие места во Доњи Агичи, првите соседи, вели Дејан, не му се луѓе туку животни.

„Се појави мечка, порано, но не се плашам. Се враќам дома, спијам додека не си замине. Тука може да има многу нешта, но не се плашам“, вели единаесетгодишниот Дејан Зориќ.
Но, има многу потешки, застрашувачки работи во неговиот живот. Тој е доказ дека многу нешта му се собрале во неговите нешто повеќе од единаесет години, коилку што живее во дрвената куќа од дваесет квадратни метри што тој ја нарекува дом.

„Убаво е да се живее, во село, овде, но куќата е навистина лоша. Таа куќа беше направена кога мојот прадедо беше како мене, можеби малку помал. Така што таа куќа нè прерасна нас пет или шест генерации“, рекол Дејан.
Дејан живее со неговата баба, Стеана Зориќ, која му е поддршка и потпора. Вакви како што е Дејан, вели таа, би можела да одгледа уште пет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …