(ФОТО) Национален парк од Хрватска, најдобар меѓу најдобрите

Националниот парк Плитвички езера е препознаен и во американскиот портал за патувања Trip Advisor како дестинација која не смеете да ја пропуштите.
Американскиот портал за патувања Trip Advisor го наградила Националниот парк Плитвички езера како најдобар меѓу најдобрите според изборот на патници во категоријата врвни атракции во Европа и врвна дестинација за љубителите на природата ширум светот.
„TripAdvisor го признал Националниот парк Плитвички езера како добитник на наградата „Најдобро од најдобрите“ од патниците за 2022. година за најдобрите атракции во Европа, каде што се нашол на второто место од десет. Исто така, овој национален парк е добитник на наградата за најдобра дестинации за љубителите на престојот во природа на светско ниво, каде што е на 22. место на листата од вкупно 25. локации“, се посочува во соопштението за печат на Plitvice Lakes NP.

Со овие награди, Националниот парк Плитвички езера е меѓу еден процент од најдобрите локации за посета во светот.
Во годината на голема конкуренција и променливи приоритети на патниците, Националниот парк Плитвички езера ги надмина очекувањата и беше пофален како еден од нивните фаворити. Во текот на годината, рецензиите на Trip Advisor „Travellers’ Choice Awards“ им оддаваат признание на најдобрите во патувањата и местата што дадоа најпосебни искуства, додаваат од Националниот парк Плитвице.



„Честитки до победниците на Tripadvisor Travel’s Choice Best of the Best 2022“, рекла Каника Сони, главен комерцијален директор во Trip Advisor.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …