(ФОТО) Наместо славје течат солзи: „Татко ми ми’ умре на денот на венчавката!“

Англичанката Шарлот Герард од Есекс раскажала трогателна исповед дека во ист ден ја откажала венчавката и ја пријавувала смртта на својот татко. Била потполно скршена…

Шарлот (26) и нејзиниот партнер Ешли (29) во врска се четири години. Одлучиле да се венчаат на 30. април, а се надевале дека нејзиниот болен татко,Тин Ломас, ќе биде присутен на венчавката. Тим (56) имал агресивен тумор на мозокот и лекарите предвиделе дека ќе живее уште три до шест месеци. Само неколку часови пред да го изговори судбинското “Да“, татко и на Шарлот починал во својот дом окружен од членовите на семејството. Шарлот, медицинска сестра во болницата во Бромфилд, била скршена.



„Се јавив во општина за да во исто време ја пријавам смртта на мојот татко и да ја откажам венчавката. Некое време мислев дека нема да се омажам. Беше тешко, а имав чувство дека не сакам да се мажам ако мојот татко не може да ме испрати до олтарот“, објаснила. Рекла и дека нејзиниот татко до дијагнозата немал никакви симтоми на болеста. Никогаш не пушел, ретко ќе се напиел чашка алкохол, дури и ретко бил болен. Но, здравјето ненадејно почнало да му се влошува во текот на јануари. На работа заклучил дека не може да прочита меил на мониторот на својот компјутер.


„Се подготвуваше за конференциски повик поради работата која ја имаше во Копенхаген. Но, не можеше да разбере што пишува во меилот. Отишол кај шефот, а тој му рекол дека му се чини дека пиел. Татко ми се’ припиша на стресот“, продолжила.
Загрижен за состојбата таткото ги посетил лекарите кои го испратиле на итни испитувања. Здравјето на Тим набргу почнало да се влошува. Претрпел мозочен удар, се појавила тромбоза во ногата и одел на операција за да санира апцес на лицето.



„Беше ужасно,како најголем ноќен кошмар. Од денот кога ја доби дијагнозата до смртта минаа само 82. дена, а му рекоа три до шест месеци. Се’ беше така бргу, а тоа го увидоа и лекарите. Имаше еден од најагресивните облици на тумор во мозокот. Мислеле дека се развивал со години пред дијагнозата, но тој немаше никакви симптоми. Тоа утро кога отиде на лекар рече дека малку го боли главата. Но, кога направија биопсија на мозокот открија дека има два глиобастоми. Се приближи денот на венчавката. Ми се јави мама и го стави тато покрај телефонот да слушнам како дише, бидејќи неа и се чинело дека е отежнато. Веднаш седнав во автомобилот и дојдов дома. И’ тоа беше тоа. Сите бевме покрај него кога почина. Се’ ми е како во магла. Ноќта пред тоа ми беше тешко да си заминам. Го оставив како гледа телевизија и јаде тестенини. Мама ми се јави неколку часови подоцна, а тоа попладне во 16. часот требаше да се мажам“, рекла Шарлот. Зад Тим останале сопругата Џејн (55), ќерката Шарлот (26) и синот Крис (27).
Неговиот погреб бил на 26. април. Шарлот и Ешли ја поместиле венчавката за 17. мај, роденден на мајка и.
„Тато од нејзиниот роденден секогаш правеше голем настан. Затоа го избравме тој датум. Мама беше доста нервозна околу се. До олтарот ме испрати братот Крис, и тој со здравица го отвори приемот“, се присетила Шарлот.


За да и на другите кои се борат против тумор на мозокот им подари средства, ден после венчавката ја избричила косата и ја продала. До сега собрала повеќе од 4.600 евра.
„Косата ја исеков во понеделникот. Ја задржав само поради венчавката бидејќи така му ветив порано на тато. Тој ја сакаше мојата коса. Денес ќе се бојам во сино, бојата која ја користат за да го одбележат денот на свесност за таа болест“, рекла.



„Сочувствуваме со Шарлот и членовите на нејзиното семејство после смртта на Тим. Шарлот, споделувајќи ја својата приказна, многу направи за да ја крене свеста на јавноста. Смртта на нејзиниот татко е потсетник дека секој ден треба да се бориме против туморот за да друго семејство во иднина не претрпи таква загуба. Ние сме предадени на борбата за сите оние на кои таа свирепа болест им го превртела животот наопаку“, рекла Сара Линдсел од The Brain Tumour Charity, хуманитарно здружение кое ја промовира борбата против туморот на мозокот. Тие ги финансираат пинерските истражувања на тоа поле и укажуваат на раните симптоми на болеста, бидејќи правовремената дијагноза може да ги зголеми шансите за преживување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …