Индиската актерка и поранешна мис на светот Пријанка Чопра неодамна го прослави својот 40-ти роденден, а сега папараците ја уловиле на улица во лежерно издание.
Познатата индиска актерка Пријанка Чопра (40) неодамна била фотографирана на улиците на Беверли Хилс додека се враќала од деловен состанок, а за таа прилика ја изненадила јавноста со опуштено, лежерно издание, во кое ретко имаме можност да ја видиме.
Таа се појави во фармерки во прав крој, кошула, бели патики, додека на лицето немала ни грам шминка, додека косата и била некако неуредно собрана во пунџа.
Можеби Пријанка во ова издание не наликува на жената која во 2000. година ја освои титулата Мис на светот и беше прогласена за најубава жена на светот, не можеме да негираме дека изгледа негувано и младешки, а јасно е зошто се трансформира во убавица со мала помош од шминкер.
Како што истакнала, научила да се сака целосно, иако веќе две децении важи за една од најубавите жени на планетата.
„Порано, секогаш чувствував притисок да изгледам на одреден начин. Целиот мој живот ме воспитуваа со нереални стандарди за убавина – сите сме. Растејќи верував дека сè мора да биде совршено, дека морам да бидам слаба и да носам одредено големина, и да бидам ‘испеглана’. Ми требаше доста време да се помирам со природната состојба на својата кожа и својата природна коса“, рекла глумицата.“
Своевремено, во подкастот „VS Voices“, Чопра се присетила на „темната фаза“ од нејзиниот живот откако во 30-тите се здебелила неколку килограми, а потоа добила остри критики.
„Ги јадев моите емоции. Телото почна да ми се менува, влегов во 30-тите. Поминав низ голема борба бидејќи на интернет добивав навреди како: ‘Изгледаш поинаку’, ‘старееш’ и многу други слични работи Очигледно, пораснав во индустрија каде што имав толку тесен поглед на формата на моето тело, каква е мојата фигура или какви се моите мерки. Во моите 20-ти, мислев дека тоа е нормално“, објаснила оваа 40-годишна глумица.