(ФОТО) НАЈУБАВ НА СВЕТ:Стадион во едно европско село кое треба да се види барем еднаш во животот!

Стадионот Хенингсвае, во истоименото норвешко село, кое број петстотини жители, го окружуваат остри врвови и волшебна природа, а многумина го сметаат за најубав на светот.

Норвешката група острови Лофоти дури во 2007. година со пат е поврзана со остатокот на земјата, а порано биле достапни само со траект. Но, без оглед на оддалеченоста, чест гостин е на листата места во светот кои треба да се посетат барем еднаш во животот.

Иако лежи севено од поларницата, поради северноатлантските струи климата е умерено блага – просечна температура во јануари се движи околу 0., а во мај околу 12. степени. Морето околу Лофоти е едно од најзначајните подрачја за риболов во Норвешка па и не чуди што жителите се главно врзани со ловење и обработка на риба.

Но, вљубениците на фудбалот во Лофоти се интересни и поради фасцинантниот стадион. Вембли, Камп Ноу или Маракана се легендарни, но „да го наречеме“ стадионот Хенингсве во истоименото село кое брои петстотини жители на островот привлекува со својата исклучителна убавина, На него играат рекреативци од фудбалскиот клуб Хенингсве и деца.

Неверојатно е ккао играчите успеваат да ја задржат концентрацијата со оглед на убавините кои го окружуваат. Карпестиот остров е обрабен со шилести врвови, а околу игралишето се наоѓаат само парчиња асфалт кои служат за паркирање и дрвени конструкции за сушење бакалар. И’ самото село плени со внимание поради прекрасната архитектура, слатките дрвени куќички и мали уметнички галерии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …