(ФОТО) Се жени Рафаел Надал: На скапата свадба ќе дојде и шпанскиот крал!


Шпанските медиуми пишуваат дека познатиот тенисер и Марија пред олтарот ќе застанат на 19. октомври, во малечкото гратле, Поленси на брегот на Шпанија.
Еден од најпознатите шпански тенисери, Рафаел Надал (33) во јануари, после 14. години врска, ја запросил девојката Марија Перелло (31). Се шушкало дека двојката ќе се венча после тенискиот турнир „Ролан Гарос“ на кој Надал однесе победа, но тенисерот изјавил дека не знае од каде се појавила таа информација.



Шпанските медиуми пишуваат дека познатиот тенисер и Марија пред олтарот ќе застанат на 19. октомври во малото гратче Поленси, на брегот на Шпанија, Наводно, парот изнајмил цел луксузен комплекс во градот кој вклучува бројни предности како што се базени, приватни соби и хелиодром, пишува Majorca Daily.

На свадбата би требало да дојде и шпанскиот крал Хуан Карлос (81) со кого Надал е во многу добри односи, приватно. 


Парот е заедно од 2005. година, но се запознале многу порано. Циска, како што ја викаат пријателите, е дипломиран финансиски стручњак, а работи како водител на проектот на хуманитарната организација на нНдал. Не е типична жена на спортист ниту кога станува збор за социјалните мрежи и нема службени профили ниту на Фејсбук ниту на Инстаграм.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Д.Н.О со прв акустичен концерт по 20 години – на 25 мај во МКЦ

По повеќе од две децении активно присуство на алтернативната сцена, скопската група Д.Н.О ќе го …