(ФОТО) Најразгаленото девојче на светот: Нема ниту една година а живее во незамислив луксуз

Од најрана возраст, Блу Ерусалим живее луксузен живот. Таа има свој балон со топол воздух, личен стилист, чувар и патува низ земји што многу бебиња никогаш не ги виделе.


View this post on Instagram

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)


Блу е ќерка на италијанскиот милијардер Ѓанлука Ваки, кого многумина го нарекуваат најзгодниот дедо на светот, и неговата 27-годишна девојка Шерон Фонсека. Родена е пред нешто помалку од една година и како дете родителите ја опсипуваат со скапа облека, ја носат на патувања и и’ ја исполнуваат секоја желба.


„Таа е со нас. Јас и Шерон сме среќни бидејќи можеме да објавиме дека нашата ќерка Блу Ерусалим Ваки се роди утрово. Фала му на Бога, таа е здрава и ние веќе ја сакаме повеќе од животот”, напиша Ваки на Инстаграм во октомври 2020. година кога стана татко.

Според Daily Mail, Ваки „тежи“ околу 300 милиони долари и го следат 20,6 милиони луѓе на Инстаграм. Шерон (28) е венецуелска манекенка со 5,6 милиони следбеници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …