(ФОТО) На оваа девојка, поради нејзините 100. килограми, и посакале да добие рак!

Ешли Аткинс (24) од Австралија е плус-сајз манекенка и поради фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, луѓето и се заканувале со смрт.

Ешли вели дека омразата што се излеала на неа кога го отворила профилот на ТикТок на кој се залага за „body positivity” (позитивност на телото) била толку силна што оваа година решила три пати да се оддалечи од социјалните мрежи. Заканите и навредите кои секојдневно ги добивала, речиси и го уништиле животот.
Таа има 104. килограми и често позира гола на Инстаграм, а во светот на моделингот влегла на 19. години. Оттогаш, таа добила повеќе од 117.000 следбеници на таа социјална мрежа.



Повеќето придружници, вели таа, се прекрасни луѓе кои ги инспирирала да ги засакаар своите тела. Сепак, троловите внеле вознемиреност и стрес во нејзиниот живот и и’ го загрозиле нејзиното здравје.
Кога на неколку месеци „се исклучила“ од социјалните мрежи, сфатила дека мора да покаже дека нечија градба или тежина не одредуваат колку вреди таа личност. Моделингот ја зајакнал и сега знае дека лошите луѓе нема да ја спречат да го прави она што го сака.


„Нашата вредност, како човечки суштества, не е помала кога се дебелееме или поголема кога слабееме. Без оглед на изгледот, луѓето заслужуваат основно почитување. Откога започнав со моделингот, забележав дека поголемите модели се поприфатени, но дефинитивно имаме уште многу да работиме на тоа“, рекла Ешли.
Таа открива дека во директните пораки на Инстаграм дури сакале да заболи од рак и и’ се заканувале со смрт.



Со поддршка од семејството, пријателите и момчето кое е ММА борец, денес станала сигурна дека и претстои светла иднина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …