(ФОТО) На болните од Ковид-19 во Јапонија моралот им го креваат роботи: „Обединети во борбата против корона вирусот!“

Во хотелите во кои привремено се сместени пациенти со лесни симптоми на КОВИД-19, градските власти во Токио воведуваат употреба на робот што ќе им помогне на пациентите да го подобрат моралот, да им помогнат во одржување на хигиената и да го спречат ширењето на инфекции кај хотелскиот персонал.


Така, два вида роботи произведени од „Softbenk Robotics“ ќе „стапат на должност“ во пет хотели кои во моментот имаат заболени со корона вирус, а има план наскоро да има по еден робот на секој кат на ваквите хотели.
Еден тип на уред е полухуманоиден робот кој е во состојба да говори пораки, додека другиот е еден вид автономна правосмукалка, според Си-Ен-Ен.



Животот во карантин во таков хотел е прилично осамен, па пациентите дури и пријавувањето го вршат самостојно.
Тие поголемиот дел од времето го поминуваат во своите простории, а во хотелското лоби – „црвената зона“ со најголем ризик од зараза – тие се спуштаат само три пати на ден во одредени периоди, за да ги земат своите оброци.


Ситуацијата треба, барем до одреден степен, да ја ублажи полу-хуманоиден робот, кој ги поздравува пациентите и ги потсетува да ја проверат нивната телесна температура, а покрај тоа повторува фрази како што се: „Обединети во борбата против корона вирусот“.
„Се надевам дека роботот ќе може да ги расположи пациентите и да го направи нивниот престој во хотелот што е можно поудобно“, рекол еден официјален претставник на Токио, додавајќи дека присуството на роботот во лобито исто така ќе го заштити персоналот од заразување со корона вирусот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …