(ФОТО) Морничава вистина зад железните чизми: Споменик кој сите би требало да го видат!

Чевлите на брегот на Дунав се глетка која би требало да се види за да никогаш не заборавиме на стравотиите на нацизмот и фашизмот…
Малечки и големи, машки и женски, р’ѓосани од водата и времето чевлите на брегот на Дунав блиску до Парламентот во Будимпешта,е споменик кој предизвикува тага и непријатност. Токму како и заборавените тунели под Будимпешта во кои можеме да нуркаме, а за кои не знаат ниту локалците се место кои вреди да се обиколи.


Посветени се на жртвите кои се фрлени во Дунав за време на Втората светска војна. Ференс Сталаси, чија идеологија била слична на Хитлеровата бил на чело на Стреластите крстови, унгарска тоталитарна националистичка партија.


Се проценува дека е одговорен за смртта на околу 500. илјади Унгарци со еврејско потекло.20. илјади биле стрелани на бреговите на Дунав. На жртвите им наредувале да ги собујат чевлите а потоа немилосрдно ги убивале и телата ги фрлале во реката.
Чевлите на брегот на Дунав се потсетник на злосторствата кои придонесуваат за ежење на кожата. За споменикот од лиеното железо кој се состои од 60. пара чевли од четириесеттите години на 20. век заслужни се филмскиот режисер Кан Тогај и скулпторот Гјула Пауер.


Машки чевли за работа, женски штикли и детски чевлички се посебно избрани за да сведочат за теророт кој не ги штедел ниту жените ниту децата па го оживеал нивниот дух.
Споменикот е завршен на 16.04.2005. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …