(ФОТО) Реакција на студентка: Каде бевте кога на – 20 се туширавме со ладна вода,секогаш кога јадевме лебарки, кога ни врнеше снег секоја зима и во собите, кога на минус температури ни ги земаа греалките…

Чистењето на сметот во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Кисела Вода наиде на остри реакции на граѓаните и јавноста
Но, и на студенти…


Од друга страна има и реакции на студентка која живее во домот:
„Баш убаво што кренавте толкава узбуна па се исчисти ѓубрето во Пелагонија. Што убаво ќе беше да дигавте ваква узбуна и да доаѓавте да снимате секогаш кога на -20 се туширавме со ладна вода, секогаш кога јадевме лебарки, кога ни врнеше снег секоја зима и во собите, кога на минус температури ни ги земаа греалките и ни велеа дека ако ни е ладно да седиме во јакни, па кога на секој дожд ќе ни заврнеше и внатре, па кога се бркавме со стаорците низ собите или кога ќе имавме проблем па го саниравме сами. Или кога ќе влегуваше секој којшто ќе посакаше во домот, пијани крадејќи не. Па моравме да бараме помош од полицијата зошто нели бевме премногу заштитени од надлежните во домот. Што убаво ќе беше денес кога ја снимавте депонијата, на која ви текна после пет години, да снимавте и внатре, па да се згрозите уште повеќе од онаа на кое бевте згрозени. И не дека подржувам вакво нешто, далеку од тоа, но камо вие како медиуми толку да дигавте узбуна кога ние ги раскажувавме нашите проблеми поврзани со споменатиот дом. И да, ѓубрето го исчитивте, а срамот на студентите остана, а сигурна сум дека и секоја ладна зима, секое преладување после туширање со ладна вода, секоја лебарка ќе останат засекогаш во нас – ете како нашиот најголем срам!“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на меѓународното академско списание Балкански Хип Хоп Студии

Во среда на 6 декември 2023 година во 18:00 часот во Дом на култура “Кочо …