(ФОТО) Момче (8) преживеало два дена во дивината на Мичиген. Јадел снег

Осумгодишно момче во саботата се изгубило во зафрлена дивина на американската сојузна држава Мичиген. Преживеал затоа што јадел снег и нашол засолниште под трупец.
Нанте Ниеми исчезнал додека кампувал со своето семејство во паркот на природата Porcupine Mountains. Влегол во шумата да собира дрва за огрев и се изгубил. Неговото семејство го пријавило за исчезнат и многу брзо околу 150 луѓе почнале да го бараат.


Тој бил пронајден во понеделникот под трупец на оддалеченост од околу 3,20 километри од кампот во кој се наоѓал. Полицијата соопштила дека тој е во „добро здравје“. „Тој барал засолниште од временските услови под трупецот под кој подоцна беше пронајден“, се вели во соопштението на полицијата на државата Мичиген.

„Јадел чист снег“
Тие изјавиле дека „јадел чист снег за да ја задоволи потребата од вода“. Недолго откако неговото семејство го пријавило неговото исчезнување, неговата мајка се огласила на социјалните мрежи за да им се заблагодари на сите за поддршката, но ги повикала сите освен спасувачите „да се оддалечат од местото на настанот бидејќи би можеле да ја отежнат потрагата“.
Полицијата соопшти дека станува збор за „многу оддалечена област“ со „многу вода во баричките поради временските услови и годишното време“. Неколку патишта биле непроодни поради количината на снег.
Тимот на спасувачи се фокусирал на површина од околу 100 квадратни километри од природниот парк и на крајот го пронашле момчето и го вратиле кај неговото семејство.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …