(ФОТО) „Многу не се изложени со децении“: Дали со ова ќе и се оддаде почест на принцезата Дијана за време на прославата на јубилејот на кралицата Елизабета?

Принцезата Дијана за многумина и понатаму е омилена принцеза…
Следната недела британското кралско семејство ќе одбележи историски настан, платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Во февруари 2022. година, таа стана британски монарх со најдолг мандат во историјата по 70. години на тронот.


Според официјалната веб-страница на кралското семејство, јубилејот се слави со низа спектакуларни настани помеѓу 2. и 5. јуни. На еден од настаните ќе биде изложена и дијадемата на принцезата Дијана, принцеза која никогаш нема да биде заборавена, пишува The List.

View this post on Instagram

A post shared by Diana (@diana_theprincessofthepeople)



Ќе биде изложено едно од најпознатите додатоци на принцезата Дијана


Наследството на принцезата Дијана трае до ден-денес. Одбележувањето на јубилејот на кралицата Елизабета даде можност да се изложат дијадеми кои ги немало со децении. Една од нив ќе биде и познатата дијадема на Спенсер што Дијана ја носеше на нејзината кралска венчавка:


„Прославите на јубилејот на кралицата ни дадоа совршена можност јавно да прикажеме извонреден избор на дијадеми од благородно и кралско потекло, од кои многу не се изложени со децении“, рекол Кристијан Спофорт, шеф за накит во Сотби во Лондон.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …