(ФОТО) МИШЕЛ ОБАМА ИЗБРАНА ЗА НАЈПОЧИТУВАНА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Меланија Трамп е на ужасното… место

Некогашната прва дама на САД, Мишел Обама е официјално избрана за најреномираната личност во светот. Таа дури ја преминала и кралицата Елизабета и многу други познати дами.
Според една неодамнешна анкета, која опфатила 42.000 луѓе во 41. земја, поранешната прва дама ја предводела листата на “најценети жени во светот”. Обама ја надминала и својата пријателка, Опра Винфри.

Актерката и активистка за човекови права Ангелина Џоли е трета, а британската кралица Елизабета Втора е четврта. Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон е на осмото место, а поп дивата Мадона е единаесетта. Сегашната прва дама Меланија Трамп е 19 на листата на 20 лица.


На листата на најценети мажи сопругот на Мишел, поранешниот американски претседател Барак Обама е втор, зад милијардерот и филантроп Бил Гејтс.

Меѓународната ѕвезда на акциони филмови, Џеки Чан, е на трето место. Во анкетата спроведена само на американскиот примерок, Обама е пред сегашниот претседател Доналд Трамп, кој е на второ место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …