(ФОТО) МИНУВА НИЗ ТЕЖОК ПЕРИОД: Џулија Робертс трпи сериозни обвинувања за смртта на полусестрата

Познатата актерка, Џулија Робертс, пред шест години, ја загуби полусестрата Ненси Меутс, која се удави во када после предозирање со лекови. Шест години подоцна, вереникот на трагично починатата сестра на Џулија, ја обвинува познатата актерка за нејзината смрт.


Во 2014. година, според странските медиуми, Џулија Робертс, во интервју за магазинот „WSJ“, коментирала дека на семејството тешко му паднало нејзината смрт.„Ова ви го крши срцето. Смртта се случи пред само 20. дена, нема зборови за да се опише што минавме деновиве“.
Сега се откриени и детали дека јавноста не ги знаела. Се тврди дека Џулија Робертс не била во добри услови со полусестрата Ненси и не присуствувала на нејзиниот погреб.



Неколку години пред целата оваа драма, самата Ненси дури и во интервју за „Дејли меил“ рекла дека имало негативни вибрации меѓу нив.
„Кога бев во средно училиште, таа јасно ми стави до знаење дека сум дебела. Таа не го кажа на убав начин“, тврдела Ненси во тоа време.
Сестрата на Џулија, која детално ја испланирала својата смрт, дури оставила и проштално писмо во кое напишала тешки зборови за Џулија и Ерик Робертс:
„Моите таканаречен брат и сестра не направија ништо друго освен да ме доведат во најдлабока депресија“.


Нејзиниот свршеник Џон Дилбек ја раскажува истата приказна после шест години. Тој ја обвинува Џулија Робертс за смртта на неговата свршеница, сестрата на актерката, и на Твитер изнесува сериозни обвинувања.
“Денес е мојот роденден. Тешко ми е да не го славам со жената на мојот живот”, напишал Џон на Твитер, правејќи сериозни обвинувања на штета на познатата актерка:
„Бидете искрена Џулија и признајте дека сте насилник. Вие не сте ништо друго освен немилосрден насилник. Сè уште те обвинувам за смртта на Нанси“, гласеле сериозните обвинувања од страна на Џон.
Џулија Робертс овие обвинувања никогаш не ги коментирала, а како што велат странските медиуми, веројатно и никогаш нема.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …