Филмот „Blonde”, базиран на книгата на Џојс Керол Оутс, претставува биографија на Мерилин Монро, една од најлегендарните убавици во историјата на планетата.
Овој филм е со години во подготовка, па така во 2014. година беше објавено дека актерката ќе ја игра добитничката на Оскар, Џесика Честаин, која во меѓувреме се откажа од проектот.
Ќе ја замени сегашната девојка на Бонд, Ана де Армас, sвезда на филмот „Нож во грбот“.
Убавицата, која што очекуваме да ја видиме во „No time to die”“, рекла дека е голема чест да се игра една од најпознатите русокоси во светот.
„Верувам дека ова е пресврт во мојата кариера. Голема чест е една Кубанка да ја игра Мерилин Монро“, рекла таа.