(ФОТО) Меланија Трамп прегрнувала и тешела расплакана мајка: Трагедијата ја погодила директно во срце!

„Ви благодарам што имате сили да се борите среде својата најголема тага“ и кажала првата дама на „скршената“ мајка.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп вчера во Белата куќа го отворила Самитот на борба против опиоиди, и тоа прочитувајќи писмо на ожалостената мајка, Бети Хендерсон, која го загубила синот кој се предозирал со дрога.
Хендерсон на Меланија и напишала писмо еден месец откако нејзиниот син, Били, починал, во кое ја молела да започне борба против наркоманијата, која според нејзините зборови, добива размери на епидемија.
„Ниту една мајка никогаш не треба да биде повикана да го идентификува телото на своето дете. Сигурна сум дека Вие, како мајка, ја разбирате длабочината на мојот очај кој го искусив тој ден. Ве молам да ми помогнете да ги спасиме тие изгубени души пред дрогата да ги одведе од овој свет“ е дел од писмото кое Бети и го упатила на Меланија.
Првата дама веднаш после читањето ја повикала на бината и истакнала дека писмото лично многу ја погодило, како и сите кои присуствувале на неговото читање.
„Ви благодарам што имате сили да се борите среде својата најголема тага“ и рекла Меланија на Бети Хендерсон и ја прегрнала. Меланија се обратила на околу 200 луѓе кои биле присутни и ја отворила дискусијата за можните начини за сузбивање на епидемијата од наркоманија.
„За жал таа не е единствена која загубил дете на овој начин а тоа мораме да го промениме“ zстакнала првата дама на Америка.
Самитот против опионоидите е серија панели на семејството Трамп посветени на борбата против злоупотреба на лекови и илегални супстанци, како хероин и фентанил. Како прва дама, Меланија порано ги посетила установите во кои престојуваат мајки со деца зависници и закажала состаноци на кои ќе се дискутира за начините на кои различни групи можат да помогнат во лекувањето
зависности.
„Целта на сите нас е да им помогнеме на сите кои се соочиле со зависност па се до дроги. За мене тоа значи првенствено фокусирање на младите мајки и децата, што често го гледав на моите патувања“ рекла госпоѓа Трамп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …