(ФОТО) Меланија покажала како се носи мал црн и мал бел фустан

Деновиве, Меланија Трамп искусно ги бира модните класици, а секое нејзино појавување во јавноста е еден вид лекција по модата. Така, за само три дена, таа покажа како да носи мал црн и мал бел фустан.


Знаеме дека малиот црн фустан е класика за сите времиња и сите прилики, а моќната Меланија Трамп дополнително го „зацрни“.
Имено, Првата дама на Америка избра црн фустан до колена за прославата на годишнината од терористичкиот напад со киднапирани патнички авиони на Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вирџинија, а го вклопи со кратко црно палто, големи црни очила за сонце и високи црни салонки.



Освен тоа струкираниот мантил-фустан веројатно ќе биде хит наесен, Меланија покажа како таквата „обична“ комбинација може да се подигне на повисоко ниво.
Само неколку дена подоцна, со широка насмевка, таа облекла скоро идентичен фустан, но – бел.


Таа исто така го спаририла со чевли со вртоглави потпетици, кои се нејзин заштитен знак.
Сепак, таа сега ги избра оние во портокалова боја, потсетувајќи дека класичните парчиња како овие ве покануваат да си играте со впечатливи модни детали. Но, треба да имате и мерка во таа игра.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …