Судејќи според говорот на телото, принцот Хари сеуште не може да поверува колку голем среќник е што на 19. мај негова сопруга ќе стане холивудската глумица, Меган Маркле.
Она што докторкта Џуди Џејмс го забележала, во текот на нивната последна посета на Белфаст, е дека Меган Маркле „му пречи“ на принцот Хари во протоколот, и дека тој цело време ја гледа неа, но во позитивна смисла. Ова службено патување покажало и дека се променил односот на идните
сопружници.
Се’ до неодамна, Меган била преполна со самодоверба, особено пред медиумите, сама избирајќи како и по кој пат таа и Хари ќе се движат, а сега буквално на свршеникот му препуштила „да ја води“. Овојпат таа потполно се повлекла, седејќи зад Хари додека тој држел говор, трудејќи се, на сите начини, да не го гледа цело време, одбегнувајќи и’ контакт со очите.
Сето тоа, според зборовите на доктор Џејмс, и тоа како го забавува Хари, кој се труди да се концентрира на говорот, но сепак, во сето тоа „ги краде“ нејзините погледи.
„Ова е ново во нејзиниот говор на телото. Како се приближува венчавката така таа се’ повеќе се претвора во активен слушател, гледајќи го внимателно. Тој начин му годи на говорникот, и вообичаено е во Америка, но не и во Велика Британија. Таа олигледно кокетир со него, а тоа и тоа како ужива во тоа“.
Иако од самиот почеток на нивната врска токму Меган бил доминантна, по „истурена“ во јавноста, сега се’ се променило.
„Како венчавката се’ повеќе се приближува таа прави се’ да го издигне над се и од него да направи ѕвезда“ рекла докторката и продолжила:
„Таа дефинитивно го врти околу малечкиот прст, но не мислам во негативна смисла, дека манипулира со него“.
Докторката Џејмс смета дека во сето тоа ја советува идната јатрва, војвотката Кејт Мидлтон.