(ФОТО) Колач од соништата:Чоколадно чудо кое ќе го обожувате!

Едноставен за подготовка, не е скап, а има фантастичен вкус…
Доколку сте љубители на чоколадните слатки, на овој колач веројатно нема да можете да му одолеете. Подготовката е едноставна, а вкусот е фантастичен.
Потребно е да се направи бисквит и крем, а потоа сето тоа ќе го соедините за да добиете вистинско уживање за сите чула…
Потребно е:
Бисквит:
4 јајца
100 г шеќер
200 г маргарин
100 г чоколадо за готвење
4 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
Крем:
500 мл слатка павлака
200 г чоколадо за готвење
1 лажица шеќер
Подготовка: бисквит: жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги истопениот маргарин и чоколадо, а потоа вмешаје брашно со печиво. Во друг сад изматете ги белките, но не со миксер. Се’ соединете со лажица и истурете во тава, намачкана со маргарин. Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 20. минути. Проверете со чепкалка дали бисквитот е испечен.
Крем: слатката павлака, чоколадото и шеќерот загревајте ги на ниска температура. Мешајте, а смесата не смее да зоврие.
Испечениот бисквит со вилушка избоцкајте го и полијте со топлиот крем.
Оставете да се излади на собна температура а потоа префрлете во фрижидер убаво да се стегне.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана се почитува како христијанска светица и маченичка. Таа била родена во Рим …