Меган Маркл не е само една од, моментално, најпопуларните жени на светот, туку и сопруга на некогаш најпосакуваниот ерген и седми по ред за британскиот трон…
Поради тоа и’ не било изненадувачки што принцот Хари, пред да се смири,многу жени се обидувале да го освојат, но интересно е дека Меган на својата последна забава налетала на дури три од нив. Да, добро прочитавте,не една, не две, туку три бивши девојки на нејзиниот сопруг.
Војвотката во понеделникот ненадејно се појавила на доделувањето на наградите British Fashion Awards каде била почесна гостинка и доделила една награда а сите присутни го воодушевила со елеганцијата.
Некако се сомневаме дека ги восхитила и глумиците Кресида Бонас и Џена Колман како и пејачката Ели Гулдинг, кои некогаш наводно биле во врска со нејзиниот сопруг и кои од публика ја гледале војвотката на сцената.
Сите три исто така изгледаат одлично, но Меган ги фрлила во втор план бидејќи, по обичај, сите очи биле вперени само во неа. Но, иако ниту една не успеала да го задржи Хари,сите три ги пронашле своите „принцеви на бел коњ“.
Бонас е во врска со синот на британскиот аристократ Клер Маунтбатен кој исто така се вика Хари, Колман се гледа со колегата од серијата „Викторија“, Том Хјуџис, а Гулдинг е свршена за британскиот трговец со уметнички дела Каспар Јоплинг.