„Се расплакав. Чудно чувство е тоа. Не можам да кажам дека сум тажен, повеќе сум среќен што бев дел од овој проект“, рекол Кит Харингтон и додал дека воопшто не сакал да дознае како завршува серијата…
До идната епизода на „Игри на престолите“ не делат нешто повеќе од четири месеци, но ако може да им се верува на глумците, од нејзините последици ќе се опоравуваме со месеци…
„После последната епизода ќе им процвета бизнисот на психијатрите. Сите ќе одат по професионална помош“, рекла глумицата Гвендолин Кристи (40) која во серијата ја глуми неустрашивата Бриен. Иако веќе паднала последната клапа, глумците сеуште не се помириле со фактот дека на серијата и дошол крај.
„Тоа беше најемотивно искуство во мојот живот. Крајот мора да дојде, но ова засекогаш ќе го памтам“, рекла Гвендолин со која се согласува и колегата Кит Харингтон (34), во серијата Џон Сноу.
„Се расплакав. Чудно чувство е тоа. Не можам да кажам дека сум тажен, повеќе сум среќен што бев дел од овој проект“, рекол Кит Харингтон и додал дека воопшто не сакал да дознае како завршува серијата.
„Упорно одбивав да го прочитам сценариото но на крајот морав поради улогата“, рекол за крај.