(ВИДЕО+ФОТО) За крај на 2018: Џибони во Скопје како хедлајнер на ALL YOU NEED IS LOVE фестивал:Што им порача на фановите?

За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф продукцијата најави…


„Нјголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!
Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.
За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични концерти!
За да најгoлемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио.


Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но нашата заедничка желба беше истата вечер да уживате и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.
Имено, кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол, ве информираме дека честа да го отвори фестивалот ALL YOU NEED IS LOVE, ќе ја има скопскиот фуриозен бенд FUNK SHUI.
Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн преку Avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари
ФАН ПИТ- 1000 денари
SILVER SEATS- 1000 денари
GOLDEN SEATS- 1200 денари
ВИП- 2000 денари


Подолу можете да го проследите поздравот на Џибо кој беше следен во живо за време на прес конференцијата!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Строга диета со која за 13 дена ќе се подготвите за одмор – Може да „истопите“ од 9 до 13 кг!

Данската диета е ригорозна програма која трае 13. дена и доколку сакате да ја спроведете, …