Марамата е еден од најкорисните предмети за женскатаа облека, бидејќи штити од неочекуван ветер и дожд.
И не само тоа – марамата може да освежи стара, здодевна јакна, да додаде боја на едноставна блуза.
Сепак, повеќето жени ставаат марама околу вратот и излегуваат на улица. Оваа пролет, марамата се носи на сосема поинаков начин.
Преку рамото
Бидејќи оваа година суперпопуларни се ремените, марамата се носи на едното рамо и се закачува на ременот. На овој начин добивате разлетан, детаљ што го освежува комплетниот изглед. Уште еден начин, ако марамата е доволно долга, е да ја префрлите преку двете рамена и да ја зацврстите со ремен.
Околу половината
Наместо ремен, шарена шамија може да се врзе околу половината, а изгледа фантастично на плисирано здолниште и јакна. Шамијата може да биде и ремен на мантил.
Мала марама околу вратот
Некогаш, сите дами носеа марама околу вратот, заедно со кошула или џемпер.