(ФОТО) „Макфест“ оваа година ќе „гори“: Атрактивната пејачка Андријана Петрушовска го најави нејзиниот настап со провокативна фотосесија!

На овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“ кој ќе се одржи следниот месец во Штип, ќе настапи и една од најатрактивните млади пејачки на македонската сцена – Андријана Петрушовска.
Андријана Петрушовска, која на јавноста стана позната по нејзиното учество и влез во финалето на српското реагионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, но и по нејзиниот атрактивен изглед, за првпат ќе учествува на овој фестивал.

This image has an empty alt attribute; its file name is andrijana-petrusoska-2.jpg
Таа засега не го открива авторскиот тим со кој ќе соработува за нејзиниот настап, но откри дека ќе се погрижи настапот да биде запаматен.
„Рано е за да откријам било што, но она што може да ветам е дека ќе изгледа светски. Полека веќе работиме и сигурна сум дека публиката ќе биде воодушевена – вели Петрушовска.


This image has an empty alt attribute; its file name is andrijana-petrusoska-3.jpg
Инаку таа пред неколку дена ја најави и нејзината најнова фотосесија со познатиот фотограф Стефан Соколовски или познат како Бед Стеф, кој пак соработува со најпознатите домашни, но и регионални ѕвезди.
Фотосесијата ја направија во хотелот „Влахо“ во центарот на Скопје, додека долната облека е на познатиот бренд „Ерос“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …