(ФОТО) Македонскиот популарен пејач, Наум Петрески, ќе стане дедо:Анастасија е бремена!

Популарниот македонски фолк пејач Наум Петрески ќе добие уште еден наследник…Неговата ќерка Анастасија е бремена…

Ќерката на македонскиот пејач, Наум Петрески, Анастасија Петреска на почетокот на годината му кажа „да“ на својот избраник Владимир Поповски, пејач на групата „Биоритам“.


По свршувачката, естрадниот пар не направи свадба. Меѓутоа, имаат голема причина за радување, а тоа е приновата во семејството.


Имено, Анастасија е бремена и во март следната година ќе стане мајка. Оваа вест за „Женски магазин“ ја потврди идниот дедо, односно пејачот Наум.]


„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјавил Наум Петрески.

Анастасија и Владимир нема да прават голема и гламурозна свадба. По раѓањето на бебето ќе направат приватна забава, а поканите ќе бидат за најблиските.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …