(ФОТО) ЛУЃЕТО НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ОВАА ЖЕНА Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈУБАВА ВО РУСИЈА: „Ако е таа убава, не смеам да прашам како изгледаат нејзините придружнички“

Наталија Оскар има 34 години и штотуку е прогласена за „најубава мажена жена“ во Русија, но веднаш по прогласувањето почнал потсмев на социјалните мрежи, бидејќи Наталија во реалноста не личи на таа на сликите.
Наталија Оскар (34) од Русија предизвика голема врева на мрежите кога беше прогласена за „најубава мажена жена“ во Русија. Титулата „најубава дама“ на Русија ја доби, според неа – заслужено, но публиката има поинакво мислење.

This image has an empty alt attribute; its file name is natalija-oskar-1.jpg


Наталија себе на социјалните мрежи се прикажува како исклучителна убавица, додека во реалноста е нешто поинаква.
Покрај тоа што ја добила својата „убавина“ преку очигледни естетски корекции, Наталија е и многу пониска отколку што пропишуваат правилата на изборот, а сега во јавноста стигна веста дека еден од спонзорите на ова натпреварување е нејзиниот сопруг – богат бизнисмен.

This image has an empty alt attribute; its file name is natalija-oskar-3.jpg
Како што стигна веста во јавноста, на сите им беше јасно дека изборите се наместени. Но, организаторите се правдаат дека Наталија е навистина убава, а фотографиите од изборот се направени од лош агол.


This image has an empty alt attribute; its file name is natalija-oskar-4.jpg
„Се испостави дека сопругот на Наталија е милијардер, Роман Безматерних, кој има цела деловна империја поврзана со продажба на градежни материјали. Една од компаниите на Роман била спонзор на натпреварот”, изјавил извор за руските медиуми.

Конкурсот за „Госпоѓа на Русија“ е наменет за мажените жени кои имаат деца.


This image has an empty alt attribute; its file name is natalija-oskar-2.jpg
Сега во јавноста стигна информација дека Наталија Оскар е всушност Наталија Худиакова, која со рускиот магнат Роман ја има ќерката Моника.
„Ако таа е победничка, малку ми е страв да прашам како изгледаат второпласираните дами.

This image has an empty alt attribute; its file name is nataliaj-oskar-4.jpg
„Победи? Дали беше единствениот кандидат?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи за изгледот на Наталија Оскар.
„Ова не е натпревар во манекенство, туку натпревар на мажени жени и мајки“, се бранат организаторите додека Наталија вели дека злонамерните коментари не ја засегаат бидејќи знае дека праведно победила.

Извор и фото: stil

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Национално триатлон првенство – Дојран 2024

Викендов во Дојран, во организација на Триатлон федерација на Македонија и Општина Дојран, ќе се …