(ФОТО) Љубовта продолжува: Џенифер и Бен минале викенд во нејзината куќа на Флорида

Латино дивата на Бен Афлек му го покажала својот нов имот на Флорида, парот не се криел од фотографите, туку цел ден се појавувал на терасата.
Светските медиуми веќе сметаат дека обновената врска помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек е завршена работа.
Во предградијата на округот Мајами се наоѓа нејзината нова куќа, каде што актерите се сретнале и поминале еден ден заедно. Џенифер и Бен во неколку наврати излегле на балконот од куќата, чија стаклена ограда им го откривала секој чекор.


„Бен полета кон Мајами и веднаш се упати кон нејзината нова куќа, рано наутро. Изгледаше среќно кога го виде, заедно шетаа низ имотот, му покажуваше детали. Таа имаше широка насмевка, беше во лежерен летен фустан, со кој си играше“, открил извор за Е!news..
Денот го поминале заедно во куќата, но од време на време излегувале на чист воздух и уживале во погледот на океанот. Бен излегувал на балконот да запали цигара, а Џен излегувала и правела селфи со својот мобилен телефон.


 


На сите жени кои му значеа во животот, актерот Бен Афлек барем еднаш им го покажа местото што го смета за рај на Земјата – луксузното планинско одморалиште Биг Скај во Монтана, па овој мај таму ја однел Лопез.
Но, тоа не било единственото време кога тие го поминале заедно, Бен во неколку наврати бил гостин на нејзиниот имот во Лос Анџелес. И’ покрај шпекулациите, тие сепак тврдат дека се само пријатели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …