(ФОТО) Љубов, старост или повреда: Џорџ Клуни не ја испушта раката на сопругата!

Џорџ Клуни после несреќата со мотор конечно се опоравил…
Откако се опоравувал по тешка несреќа што ја доживеал пред три недели додека возел мотоцикл на островот Сардинија, каде што ја снимал новата серија, Џорџ Клуни се вратил на вообичаените радости на животот.


Имено, познатиот актер беше виден минатата ноќ со неговата сопруга, британскиот адвокат за човекови права, Амал Клуни, како влегува во елегантен ресторан на езерото Комо во Италија.
Двојката Клуни секоја година летото го минува во овој луксузен град во близина на Милано, каде што Џорџ Клуни има куќа и имот, а синоќа се појавиле во ресторанот каде што се сретна со познатиот моден дизајнер Стела Макартни.


Џорџ изгледа одлично во сив костум и бела кошула, додека неговата сопруга, Амал Клуни, се дотерала. Прекрасната адвокатка била облечена во свилена туника која се врзува околу вратот, додека одоздола облекла многу кратки шорцеви во темно жолта боја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …