(ФОТО) Легендарниот Роналдо Назарио се жени по трет пат: Запросил 14 години помлада девојка

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима ја запросил својата 14-години помлада девојка – моделот Селина Локс за време на одморот на Карибите.
Девојката на поранешниот играч на Реал Мадрид на својот Инстаграм профил споделила фотографии од одморот на кои позира веднаш до Роналдо.
Таа ја потпрела раката на неговото рамо, на која имаше сјаен прстен, додека под фотографијата напишала: „Да, се согласувам“.
„Те сакам, засекогаш“, порачала 32-годишната манекенка и го означила својот партнер.
Интересно е што една од првите што му честиташе на среќната двојка беше поранешната сопруга на Роналдо, Милене Домингес која му рекла: „Среќна сум за тебе. Господ секогаш да те благослови и чува. Да живее љубовта“.

View this post on Instagram

A post shared by C E L i N A (@celinalocks)


За фудбалерот ова ќе биде трет официјален брак, а Милене му била прва сопруга. Тие беа во брак четири години, а се разведоа во 2003 година.
Во февруари 2005 година, тој наводно се оженил со моделот Даниела Цикарели. Меѓутоа, подоцна се покажа дека тие официјално не станале маж и жена бидејќи ниту еден од нив не го финализирал разводот од претходните партнери.
По Даниела, Назарио беше во брак со Марија Беатрис Антони од 2008 до 2012 година и заедно имаат две ќерки. Фудбалерот со сегашната партнерка е седум години.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …