(ФОТО) Кучето цело време било покрај исчезнатото девојче во Црна Гора: И ги лижело раните и ја топлело!

Исчезнатото осумгодишно девојче Кјара од Црна Гора е пронајдена во канал во шумата, откако случајно ја забележал еден од многуте волонтери кои се вклучиле во потрагата.
Кјара не била сама. Кучката Шарлот цело време била покрај неа, го чувало девојчето и ја топлело. Таа и ги лижела раните на рацете изгребани од грмушките и ископала дупка за да може малечката да се смести на на сигурно.
Кога девојчето било пронајдено, Шарлот се исплашила од луѓето и побегнала, но подоцна било објавено дека успеала да се врати дома. Кјара не е сопственичка на Шарлот, но, како и да е, кучката ја заштитила.


Во објавата која ја споделила невладината организација „Рука“ открива дека Шарлот била несакано куче скитник оставено на улица како кученце, но потоа била посвоена од семејство кое и давало многу љубов.


„Имавме среќа што Кјара и кучето, кое беше цело време со неа, најдоа неколку патишта кои беа безбедни и минатата ноќ беше пронајдена во малку замрзната состојба, но ништо што би билозагрижувачко за неа“, изјавил градоначалникот на Котор.


Фото:Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …