(ФОТО) Кралското бебе и’ позирало на мама: Кејт го снимила принцот Луис!

Кралското семејство до сега имало обичај да објавува фотографии кои ги снима нивен службен фотограф. Првата фотографија од малечкиот принц неговата мајка ја снимила три дена по породувањето…
Војводата и војвотката од Кембриџ и заблагодаруваат на јавноста на љубезните пораки по повод раѓањето на принцот Луис, објавила Кенсингтонската палата.
Принцот Вилијам (35) и Кејт Мидлтон (36) се заблагодариле на честитките кои нивната ќерка, принцезата Шарлот, ги добила за третиот роденден.


Кенсингтонската палата ги објавила и првите две службени фотографии од принцот Луис Артур Чарлс, кои ги снимила самата Кејт.
Првата фотографија од својот син војвотката од Кембриџ ја снимила на 26. април, само три дена по породувањето.

Втората фотографија, на која принцезата Шарлот својот малечок брат го бакнува во чело ја снимила во средата, на роденденот на принцезата.

Кралското семејство до сега имало обичај да објавува фотографии кои ги снима нивен службен фотограф, а не објасниле ниту зошто веднаш не ги објавиле фотографиите кои ги снимила Кејт.
Меѓу првите кои дошле да го посетат малечкиот принц биле бабата Карол Мидлтон (63), мајка на Кејт Мидлтон (36), а после неа и дедото, принцот Чарлс (69).
Кралицата Елизабета Втора (92) во прва посета на правнукот дошла со хелихоптер. Со марама на главата и букет цвеќе во рацете, од дворецот Виндзор до Кенсингтонската палата, се возела околу 40. минути. Таму ја чекал службен автомобил „Ренџ Ровер“ со кој се упатила до кралската резиденција со придружба на службен персонал и членови на обезбедувањето.

Кралицата внукот го посетила во средата за да не ја пропушти можноста на правнуката Шарлот да и го честита роденденот.
Вилијам и Кејт неодамна прославиле седум години брак.
Освен Луис и Шарлот го имаат и синот Џорџ (4), кој е во редот за британскиот престол после својот дедо Чарлс и таткото Вилијам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …