Војвотката од Сасекс пленела за време на нејзиниот последен јавен настап. Стилот на Меган Маркл уште еднаш се покажа како непогрешлив, кога се појави во бохо издание како гостинка на познатата феминистка и активистка Глорија Стеинем.
За оваа посета Меган избра широки бели панталони со длабок струк, кои ги искомбинирала со едноставна бела маичка. Бохо стајлингот го подигна со сламен шешир, како и црни сандали со врвки, кои се апсолутен моден хит ова лето.
Војвотката од Сасекс ја распуштила нејзината бујна коса и заблескала додека зборувала со Глорија на темите, за кои во последно време јавно ги искажува своите ставови.
Стилот на Меган Маркл исфрла едноставност и елеганција, сепак, поранешната актерка внимателно ги следи модните трендови. Тоа го покажала дека не само со совршено дизајнирани комбинации, туку и со избор на модни детали.
Сепак, посебно внимание привлекува фактот дека Меган се’ почесто се појавува во бела облека, а белата, според трендовите, е омилена боја на сезоната.
Неодамна, Меган носеше романтичен бел фустан изработен од памучна чипка, што совршено одговараше на нејзиниот темен тен.