(ФОТО) Кралот на високите потпетици порачува:„Ова е единствениот модел на сандали кој ќе ви биде потребен ова лето!“

Маноло Блахник, некрунисан крал на високите потпетици и познат дизајнер порачува кој е ултимативниот модел на сандали за ова лето. Јасно ви е, станува збор за елеганција и екстраваганција!
Човек чие име се изговара со голема почит во светот на модата и чии чевли се крајниот знак на престиж и скоро и да нема ѕвезда, јавна личност или деловна жена која во својата гардероба нема барем неколку пара чевли кои чинат од 500. до неколку илјада долари.
Омилениот дизајнер на Кери Бредшо од серијалот „Сексот и градот“, над чии розови сандали со пердуви таа „се спушти“ пред излогот на неговата продавница во Њујорк – и отиде во долг на кредитна картичка да ги купи, затоа што „еден е животот“, се огласил во врска со најновиот тренд за лето 2020. година кога станува збор за обувки.


Според него, ако планирате да купите само еден пар високи потпетици за ова лето – тоа мора да биде ОВОЈ модел.
„Ако планирате да купите еден пар потпетици, предлагам да бидат ‘голи’ сандали со потпетица од 7 сантиметри, лесни како пердуви и целосно отворени“, изјавил дизајнерот за Travel and Leisure.


View this post on Instagram


@taonaena ❤️ #manoloblahnik #manoloblahnikshoes #manoloblahnikheels

A post shared by Fan Page For Shoe Lovers (@offshoe) on


Тој додал дека „голите сандали“ не мора да бидат голи, но дека потпетицата и формата со две подебели ленти што и двете одат преку предниот дел на стапалото, со или без дополнителни украси – и без лента за потпетици, исто така може да биде опција затоа што изгледаат одлично и тие се комбинираат со елегантен вечерен стил, но и со фармерки и бела кошула, односно добро комбинирана дневна спортска елеганција.

View this post on Instagram

Sweatpants but make it fashion 😎

A post shared by Ingrid Wilkinson (@ingridwilkinson) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …