(ФОТО) Кралицата поради Меган направила нешто необично:„Тоа никогаш не и го понудила на Кејт“

Кралицата Елизабета, наводно ја повикала мајка и на Меган, Дорија да го мине Божик со кралското семејство во Сандрингам, пиишуваат британските медиуми.

Daily Mail пишува дека тоа го направила од почитување кон Меган, а Sunday Express нагласува дека тоа, иако е многу „внимателен гест“, воедно е и многу необичен потег за кралицата.


Имено, никогаш никој вон кралското смејество не бил повикан со нив да го прослави Божик па така ниту роднините и семејството на кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, „Тоа никогаш не го понудила на роднините на Кејт Мидлтон“, пишува Daily Mail во насловот.
Семејството Мидлтон било покането со кралското семејство да учествува на утринската божиќна миса, но никогаш со нив не биле во Сандрингам.


Извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата на тој начин го уважува тоа што Меган се разликува од Кејт, нема семејство во Велика Британија. Од палатата не ги коментирале овие наводи.


Инаку, Дорија била единствениот член од семејството на Меган која присуствувала на венчавката и со неа се довезла во автомобил до црквата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …