(ФОТО) Коколини

Состојки:
250 мл слатка павлака или павлака за шлаг
100 г бело чоколадо
1 кесичка ванилин шеќер
1 пудинг од ванила
100 г кокосово брашно
шеќер во прав, по вкус
бдеми по желба
Подготовка: од 250. мл слатка павлака одвојте 50. мл. Павлаката ставете ја да зоврие, а смесата за пудинг измешајте ја со одвоените 50. милилитри.Кога павлаката ќе почне да врие, намалете ја темпертурата, тргнете го садот и вмешајте го пудингот. Мешајте со маталка додека не се згусти. Многу бргу ќе се згусти.
Тргнете од ринглата и вмешајте ванилин шеќер и искршено бело чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се истопи. Потоа додајте кокос и измешајте.
Пробајте го кремот и по потреба додајте шеќер во прав.
Кремот префрлете го во фрижидер на барем 15. минути, потоа обликувајте малечки топчиња и валкајте во кокосово брашно.
По желба во секое топче може да се стави печен лешник.Тогаш се уште по фини бидејќи потсетуваат на рафаело.
Подготвените коколини префрлете ги до служење во фрижидер.
Од оваа смеса се добиваат околу 34 топчиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …